Индустриска Филтрација
Напредните системи за индустриска филтрација од Сомитек (официјален дистрибутер на Donaldson IAF) се дизајнирани да му понудат на клиентот незаменлива оперативна флексибилност, вклучувајќи кружни или квадратни куќишта и горен или страничен пристап за менување на филтерските медиуми, за да ги задоволат барањата на работниот процес или ограничувањата во просторот. Благодарение на нашето знаење и искуство избираме дали ќе се употребат вреќасти или патронски филтерски системи соодветно на: протокот, количеството на прашина, големината на честичките и апликацијата.
Покрај стандардните нудиме и ATEX филтерски системи опремени со експлозивни панели, неповратни вентили и хемиски бариери во зависност од апликацијата.
Управување со проекти и инженерски услуги
При водењето на проектите се придржуваме кон процесот „чекор по чекор“ што е насочен кон обезбедување на највисоко ниво на задоволство на клиентите.
Ние веруваме во обезбедување постојана комуникација со Вас од почетниот дизајн, преку стартување и пуштање во употреба па се до 24/7 техничка поддршка. Како дел од нашата програма за управување со проекти, нудиме широк спектар на инженерски услуги што го олеснуваат оптималното дизајнирање и инсталирање на филтрација на воздухот:
– Техничка проценка
– Избор на филтерски систем и вентилатор
– проектирање на каналската мрежа
– препораки за ексползивна заштита на филтерски системи
– изработка на проекти
– водење на проекти
– проекти „клуч на рака“
– надзор на инсталација
– пуштање во работа и примопредање на опремата
– листа на препорачани резервни делови
– 24/7 техничка поддршка на инсталираната опрема
– унапредување на постоечките филтерски системи независно од производителот.
Намена на филтерските системи
– Филтрација на сува прашина: прехрамбена, фармацевтска, хемиска, метална индустрија…
– Филтрација на маслени и емулзиони магли: машинска обработка на метали, прехрамбена индустрија.
Понуда на резервни делови за сите видови филтерски системи
– Филтер патрони, филтер панели и филтер вреќи
– Контролна електроника
– електропневматски вентили
– Неповратни АТЕКС вентили
– АТЕКС панели
Сомитек е официјален партнер за: Donaldson Македонија, Donaldson Србија, Donaldson Бугарија.