Од 1915, обезбедуваме филтерски решенија со што го им го подобруваме животот на луѓето, зголемувајќи ја производната ефикасност и обезбедувајќи заштита на животната околина. Повеќе од 35 години обезбедуваме иновативни системи за отпрашување и решенија со коишто ги поставуваме стандардите за високо квалитетни производи на Donaldson Torit® DCE® .

Во многу индустриски средини, ефективната филтрација е одлучувачки критериум за успешна заштита на здравјето, животната средина и производните процеси. Како партнер на индустријата, ние вршиме истражување, развој и снабдување со иновативни филтерски системи за сите типови на прашини, чадови и магли, со што помагаме во подобрувањето на квалитетот на воздухот и зголемување на производната ефикасност.

РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И СЕРВИС

Овозможете му на вашиот филтерски систем да постигне подобри резултати во филтрацијата, скоро два пати подолг период на работење со еден комплет, со помош на нашите филтерски вреќи Dura-Life®, филтерските патрони Ultra-Web® и Torit-Tex ePTFE мембрани. Со филтрите кои ги имаме на залиха за сите познати производители на филтерски системи, напредните Dura-Life® и Ultra-Web® филтерски производи се лекот за зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците за одржување.

ПАТРОНСКИ ФИЛТЕРСКИ СИСТЕМИ

Во седумдесеттите години, Donaldson Torit® DCE® го произведе првиот филтерски систем со патрони и технологија со чистење компримиран воздух. Потоа, серијата Downflo® ги постави стандардите на високо ефикасни филтерски системи кои истовремено за нивната работа трошат помалку енергија. Денес имаме шеснаесет типови на филтерски системи со патрони и шеснаесет типови на филтер патрони.

ВРЕЌАСТИ ФИЛТЕРСКИ СИСТЕМИ

Прашината не само што може да им наштети на производите, таа исто така им штети на здравјето на вработените а со тоа индиректно влијае и на производството. Филтер вреќите и филтерските системи на Donaldson Torit® DCE® овозможува комплетна палета на решенија за сите типови на прашина со што овозможува вашите производни процеси да работат континуирано и без застои.

POWER CORE

Високотехнолошките и современи производни постројки имаат потреба од висока ефикасност на минимален простор. Филтерскиот систем PowerCore работи со големи протоци, голема ефикасност на филтрација, а истовремено зафаќа мала површина. Филтерските патрони изработени од Ultra-Web® нанофибер технологија овозможуваат висока ефикасност на филтрација.

ФИЛТЕРСКИ СИСТЕМИ ЗА МАСЛЕНИ МАГЛИ

Течноста за ладење како и маслените пареи од машините можат да предизвикаат лизгачки подови, таложење на машините и ѕидовите, а тоа резултира во создавање на опасна работна средина и потреба од зголемено одржување. Филтерските системи на Donaldson Torit® DCE® вршат филтрација на субмикронските маслени загадувачи од воздухот и овозможуваат здрава и ефикасна производна средина.